13.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Шпанските медиуми тврдат: Барселона веќе ја најде замената за Валверде?!

Најчитани вести

Шпанскиот стручњак Ернесто Валверде не ја предводи Барселона на начин кој е посакуван за каталонците, па затоа се почести се шпекулациите за негова замена.

Барселона беше очајна во Валенсија против Леванте во саботата, откако претрпе убедлив пораз со 3-1, но евидентно е дека Барселона игра далели полошо сезонава, во однос на претходните.

Сепак, со оглед дека киксна и Реал Мадрид против Бетис (0-0), Барса останува прва, а утре игра против Славија Прага, а доколку победи веројатно ќе обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите. И покрај тоа, тренерот Валверде е под притисок, а шпанските медиуми тврдат дека клубот веќе ја најде замената за него.

Како што беше наведено порано, нов предводник на Барселона треба да биде тренерот на Ривер Плата, трофејниот Марсело Гаљардо, кој со овој тим освои два Копа Либертадорес и против Фламенго за 20 дена ќе се бори за трет трофеј.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com