14.8 C
Skopje
Tuesday, October 19, 2021

Шпанскиот шампион во офанзива: Познато е што Барселона му нуди на ПСЖ за Нејмар

Најчитани вести

Бризилецот Нејмар по се изгледа и ова лето ќе биде актуелна тема, а причината за тоа е можното заминување од таборот на Пари Сен Жермен и враќање во Шпанија. Тој се поврзуваше со Реал Мадрид, но во изминативе недели и денови се почесто се говори за негов кам-бек во Барселона, клубот чиј дрес успешно го носеше од 2013 до 2017 пред да се пресели на „Паркот на принцовите“.

Наводно Барселона е подготвена да го врати назад, но и ПСЖ за промена е спремен да се откаже од него ако добие понуда која може да ги задоволи. Шпански „Спорт“ пренесува дека двете страни веќе почнале преговори и тоа преку посредници поради лошиот однос меѓу двата тима.

Францускиот шампион бара 300 милиони евра или тоа би значело дека посакува профит од скоро 80 милиони евра. Сепак оваа почетна позиција на „светците“ може да се промени, па така Барселона игра на една интересна опција 100 милиони евра плус Филипе Кутињо кој пак е играч кој е интересен за тимот од Париз.

Повеќе од јасно е дека трансферот на Нејмар ќе биде комплексен, меѓутоа преговорите се во тек, двете страни се подготвени да дојдат до посакувано решение. Информациите, сознанијата на „Спорт“ се дека преговите имаат позитивен тек и можно е да се дојде до зделка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com