10.8 C
Skopje
Friday, December 3, 2021

Шпанска „Марка“ пренесува: Хаосот во Барселона е многу поголем отколку што изгледа…

Најчитани вести

Иако се очекуваше дека по победата над Хетафе (0:2) во Барселона ќе биде малку помирно, сепак тоа не се случи.

Веднаш по средбата Пике испрати порака до управата на клубот и рече дека тие може да се послужат со други средства во комуникацијата со вработените, без да прецизира за што точно се работи.

– Кога двајца не сакаат да се скараат, тогаш нема караници. Го познаваме клубот, знаеме какви се односите со медиумите и знаеме кој ги пише тие статии кои не се потпишани. Не сакаме кавги, затоа што нашата цел е да бидеме подобри на теренот. Не сакаме никој да предизвикува кавги со проблеми кои не се случиле, -истакна Пике по средбата.

Сега, шпанска „Марка“ пренесува дека проблемите во клубот се многу подлабоки. Една од причините е тоа што во клубот не дошол Нејмар и сите настани поврзани околу неговиот трансфер.

Долго се шпекулираа имиња, и јавна тајна е дека Барселона беше подготвена да се ослободи од неколку фудбалери за да го донесе Бразилецот восвоите редови. Сепак по пропаднатиот трансфер играчите останаа воклубот, а сега јасно е нивното недоволно залагање поради фактот штознаат дека се на излезните врати.

Приватниот живот на фудбалерите и неможноста на управата да го регулира тоа е уште еден проблем за Барса. Артур кој важи за еден од најдобрите на својата позиција водел доста неспортски живот, а слична е ситуацијата и со Усман Дембеле.

Како и да е, во Барселона не цутат рози, а виновникот за слабите резултати не ќе да е само Ернесто Валверде кон кого сите го вперуваат прстот.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com