20.8 C
Skopje
Friday, June 18, 2021

Шпанија ја крена старосната граница на 65 години за вакцинирање со „АстраЗенека“

Најчитани вести

Шпанската министерка за здравство, Каролина Даријас, денеска ја информира јавноста дека здравствените влаасти во земјата ја кренаа возрасната граница од 55 на 65 години за употреба на вакцината против коронавирус на „АстраЗенека“.

-Возрасната граница од 55 се крева на 65 години, рече шпанската министерка.

Шпанските власти првично ја ограничија употребата на вакцината „АстраЗенека“ на лицата помлади од 55 години, бидејќи податоците од клиничките испитувања не се однесуваа на постарите лица.

Меѓутоа, подоцнежните клинички испитувања кај луѓето постари од 55 години покажаа поголема ефикасност, при што многу земји ја поместија возрасната граница за употреба на оваа вакцина.

Шпанија е меѓу европските земји што се најмногу загрозени од коронавирусот, со досега регистрирани 3,2 милиони заразени и дури 73.000 мртви.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести