37.8 C
Skopje
Wednesday, June 23, 2021

Шпанија нема да ја дава вакцината на „Астра зенека“ на лица под 60 години

Најчитани вести

Шпанија објави дека ќе ја ограничи употребата на вакцината на „Астра зенека“ на постари од 60 години, откако Европската агенција за лекови објави дека згрутчувањето на крвта треба да се наведе како редок несакан ефект од вакцината на британско-шведската компанија, објави „Ројтерс“.

„Ние ќе продолжиме да ја даваме вакцината, но само на лица постари 60 години“, рече министерката за здравство, Каролин Дариус.

Со ова, Шпанија се приклучи на неколку други членки на ЕУ кои презедоа слични мерки.

ЕУ регулаторот за лекови, ЕМА, ги охрабри земјите да продолжат да ја користат вакцината на „Астра зенека“, велејќи дека нејзините придобивки ги надминуваат ризиците.

Многу случаи на згрутчување на крвта се пријавени кај жени на возраст под 55 години, но ЕМА соопшти дека не успеа да ја утврди ризичната возрасна група.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести