-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Шолц: Путин повеќе не може да победи во војната во Украина

Најчитани вести

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека рускиот претседател Владимир Путин повеќе не може да победи на бојното поле. На заедничката прес-конференција во Берлин со претседателот на Кипар, Никос Анастасиадис, Шолц повика на итен прекин на „руското бомбардирање на цивилното население”.

„Фактот што Русија со недели ги фрла своите бомби врз цивилната инфраструктура во Украина не само што е неподносливо, туку е и јасно кршење на меѓународното право.

Постапките на Русија уште еднаш покажаа колку е безмилосен Путин. Повторно апелирам до Путин да престане со бесмисленото убивање и целосно да ги повлече своите војници од Украина и да се согласи на мировни преговори“, рече Шолц, пренесува Дојче веле.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести