Home » Шолц повторно ја отфрли можноста за интервенција на НАТО во Украина

Шолц повторно ја отфрли можноста за интервенција на НАТО во Украина

by Журнал.мк

Германскиот канцелар Олаф Шолц повторно ја отфрли можноста за воена интервенција на НАТО во Украина.

– Западот се уште се надева на ефикасност на санкциите против Русија, изјави Шолц на собирот организиран од дневниот весник „Велт“ во Берлин.

– Нема да воспоставиме зони за забранети летови над Украина. Тоа би довело до директен воен судир со Русија и руските авиони, објасни германскиот канцелар.

Шолц рече дека се согласува со американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон и другите сојузници дека не треба да има воен конфликт меѓу НАТО и Русија.

– Никој не може да го сака тоа, потенцираше Шолц.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More