16.8 C
Skopje
Monday, June 21, 2021

ШОК! Погледнете како изгледа двојничката на Кејт Мидлтон, која заработува милиони заради нејзината сличност со војвотката!

Најчитани вести

Габриела Мунро Даглас живее во јужен Лондон со нејзиниот партнер Мајкл и седуммесечните бебиња Меј и Џој, во стан што успеа да го купи со парите што ги заработи од претворањето дека е Кејт Мидлтон.

Како што и самата призна во едно интервју, таа дневно заработувала околу 1.000 фунти на ден со присуство на корпоративни настани и приватни забави како двојник на војвотката од Кембриџ.

“Отсекогаш сум ја виткала косата и носела слична шминка, а кога излегував, луѓето ме погледнуваа двапати. Често ме запираат. Се случува секој ден”, изјави таа за Evening Standard во 2013.

Со поддршка на нејзината мајка, таа се обратила до агенцијата за двојници, по што ја испратиле на патување во Австралија, со двојникот на принцот Вилијам.

“Беше многу забавно и возбудливо бидејќи се претставив како сопруга на принцот Вилијам. Ми овозможи да го купам мојот прв имот во Лондон. Неверојатно сум им благодарна и на Кејт и на мајка ми што ме поддржуваа”, изјави Габриела, која е исто така сопственик на кафе бар во западен Лондон.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести