Home » Шок на врвот: Кој е најпродаваниот автомобил во Европа?

Шок на врвот: Кој е најпродаваниот автомобил во Европа?

by Журнал.мк

Во септември, за прв пат во историјата е забележано дека најпродаваниот автомобил на европскиот пазар е електричен, а по потекло е од Америка.

Погодувате, тоа е Tesla Model Y, кој заедно со Tesla Model 3 се произведува и во берлинската гигафабрика. И додека возбудата околу Model 3 малку згасна, кросоверот Model Y ги освои европските срца. Во септември, продажбата скокна на дури 29.367 продадени примероци. Ова е скок од неверојатни 226 проценти, што конкуренцијата не може да го следи, пишува Reuters.

Model Y годинава достигна производство од 879.346 примероци, што е многу блиску до минатогодишниот вкупен резултат од 906.032 примероци.

На второ место во продажното рангирање е Peugeot 208 со продадени 19.601 примероци и раст од 41,2 отсто, додека одличното трето место и припадна на Dacia Sandero со 17.733 продадени примероци, која забележа пад од 2 отсто.

Овде секако вреди да се спомене Škoda Octavia на четвртото место, со втор најголем скок и најдобра позиција од јули 2020 година. Продажбата на моделот забележа раст од 197 отсто, па со продажба од 17.226 примероци стои веднаш до Dacia.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More