Home » Шок и неверување во Холивуд, Бред Пит со своето признание ја запрепасти јавноста!

Шок и неверување во Холивуд, Бред Пит со своето признание ја запрепасти јавноста!

by Журнал.мк

Имено, во интервју за магазинот „GQ“ тој откри дека се сомнева оти боледува од прозопагнозија – невообичаена состојба во која тешко ги препознава новите лица околу него, особено на забавите.

Како последица на оваа болест тој делува повлечено и непристапно, па многумина мислат дека е вообразен и дека не ги почитува.

Тој за истиот магазин чија насловна страница ја краси на августовското издание, откри дека година и пол по разводот посетувал група анонимни алкохоличари на чии сесии успеал да се извлече од агонијата и неуредниот живот по бракот со Анџелина Џоли.

Претходно, британските медиуми објавија дека Пит ја обвинил поранешната сопруга бидејќи без негово знаење, го продала својот удел од винаријата на некој руски олигарх. Тие двајца сè уште се борат за старателство над нивните шест деца.

Како што пренесува „Пипл“, поранешниот брачен пар живее на пет минути оддалеченост во Лос Фелиз, Калифорнија, што им овозможува на децата да бидат кај двајцата родители. Тој никогаш не криел колку е посветен како татко кој ги сака своите деца.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More