Home » Шок за Јуве, вториот најскап стопер во историјата побара трансфер

Шок за Јуве, вториот најскап стопер во историјата побара трансфер

by Журнал.мк

„Кориере дело Спорт“ објави дека Матијс Де Лигт (21) нема да го продолжи договорот со Јувентус и дека побарал трансфер. Челзи и Манчестер Јунајтед се главни кандидати за негово доведување, а во блага предност е клубот од Лондон кој неодамна ги испразни стоперските позиции.

По заминувањето на Антонио Рудигер и Андерс Кристенсен и извесното заминување на Цезар Аспиликуета, Челзи се чини дека е идеален клуб за холандскиот дефанзивец, додека во Јунајтед би морал да се наметне покрај Рафаел Варан и Хари Мегваер, единствениот стопер во историјата на фудбалот за кого е платено поголемо обештетување.

Манчестер Јунајтед му плати 87 милиони евра на Лестер Сити за Мегваер во 2020 година, додека Јувентус истата година го донесе Де Лихт од Ајакс за 85 милиони евра обештетување. Сега повторно се споменува дека Де Лигт би чинел околу 80 милиони евра во случај на промена на клубот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More