Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги скрати групите и Шкупи ги доби можните ривали во првата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.
На еден ден пред ждрепката, формирани се неколку групи со по пет екипи. Шкупи се најде во групата 3 каде го има статусот на неносител. Чаирчани може да играат со Карабах (Азербеџан), Шериф Тираспол (Молдавија), Слован Братислава (Словачка), Линколн Ред Импс (Гибралтар) или Шамрок Роверс (Република Ирска).
Од сите ривали, Карабах и Шериф се со европско реноме. Карабах веќе со години игра во групните фази од натпреварувањата на УЕФА, додека Шериф Тираспол во чии редови е Бобан Николов минатата година беше европски хит во ЛШ. Молдавците ги исфрлија Црвена Звезда и Динамо Загреб, а потоа во групната фаза го победија и Реал Мадрид.
Слован Братислава исто така е незгоден ривал како првак на Словачка, додека Линколн Ред Импс, шампионот на Гибралтар, како и Шамрок Роверс, може да се наречат најпосакувани ривали во таборот на македонскиот шампион.
ГРУПА 1
Носители: Лудогорец (Бугарија), Клуж (Романија), Ференцварош (Унгарија), Марибор (Словенија), Дуделанж (Луксембург)
Неносители: Сутјеска (Ц. Гора), Шахтјор Солигорск (Белорусија), Тобол (Казахстан), Пјуник (Ерменија), Тирана (Албанија)
ГРУПА 2
Носители: Малме (Шведска), Бодо (Норвешка), ХЈК (Финска), ТНС (Велс), Жалгирис (Литванија)
Неносители: Линфилд (С. Ирска), КИ (Фарски Острови), РФС (Летонија), Балкани (Косово), победник во претквал.
ГРУПА 3
Носители: Карабах (Азербејџан), Шериф Тираспол (Молдавија), Слован Братислава (Словачка), Линколн Ред Импс (Гибралтар), Шамрок Роверс (Ирска)
Неносители: Зрињски (БиХ), Лех (Полска), Хибернијанс (Малта), Шкупи (Македонија), Динамо Батуми (Грузија)
Победниците од овој двомеч ќе патуваат во второто квалификациско коло на ЛШ, додека поразените одат во втората квалификациска рунда од Конференциската лига на УЕФА.
Ждрепката за првата рунда во ЛШ е закажана на 14 јуни од 12:00 часот.