25.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Шкупи остана без тренер: Каран си поднесе оставка

Најчитани вести

По само три кола од стартот на новиот шампионат Шкупи остана без тренер откако Турчинот Умит Каран си поднесе неотповиклива оставка.

Самиот Каран преку обраќање до јавноста информираше дека се повлекува од клупата на чаирчани.

„Денеска ја завршувам мојата обврска како тренер на Шкупи. Поднесов оставка до челниците на клубот. Исто така ги информирав и играчите за моето заминување. Сакам да се заблагодарам на сите кои ми беа поддршка изминатава година и беа со мене и во добро и во лошо“ – вели Каран.

Согласно шпекулациите изминативе денови, причината за заминувањето на Каран не е резултатски аспект, но наводно, иако тој самиот не потврдува, мора да се врати во Турција каде го очекува казна затвор од 20 месеци поради осуда за сексуален напад од 2015 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com