17.8 C
Skopje
Friday, September 30, 2022

Шкријељ: Правата на децата се над сè, наставниот процес да продолжи

Најчитани вести

Правото на штрајк е загарантирано, но загарантирано е и правото на образование на учениците. Како што веќе посочија и Народниот правобранител и УНИЦЕФ, правата на децата се и мора да бидат над сè. Затоа, наставниот процес мора да продолжи, учениците не смеат да трпат последици, изјави на денешната прес-конференција, Санела Шкријељ, пратеничка од СДСМ.

Таа додаде дека Владата предводена од СДСМ веќе подготви конкретно решение а тоа е зголемување на платите во висина од 10 отсто, односно плати повисоки од 2.500 до 3.000 денари по вработен. Освен ова, ќе се отвори и процес за нов општ договор и нова методологија за постојан раст на платите во образованието и детската заштита. Со оваа методологија, висината на платата на наставниците, воспитувачките и негувателките веќе нема да зависи од политичката волја на владите, туку ќе расте согласно методологија.

Шкријељ истакна дека СДСМ преку владата што ја предводи покажа вистинска грижа за образованието и за детската заштита. Покачени се платите во основните, средните училишта, како и во градинките, се инвестираше во изградба реконструкција и опремување на објекти на училишта и градинки. Следува и ново зголемување на платите во време на глобална економска криза, затоа СОНК треба да го прифати предложеното зголемување на платите а децата да се вратат назад во воспитно образовниот процес.

Правата на децата се над сè, не смееме да дозволиме нарушување на наставата и евентуално пролонгирање на учебната година, кое ќе биде на штета и на учениците и на нивните родители, изјави Шкријељ

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com