Новак Ѓоковиќ низ кариерата доживеа тешки удари, а сега нов за српскиот тенисер пристигна од Шкотска и тоа од медиумот „The Herald“.
Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
Српскиот тенисер турнирот во Рим го заврши со елиминација во четвртфиналето бидејќи подобар од него беше Холгер Руне кој славеше со 6:2, 4:6 и 6:2. Но, во овој шкотски медиум не се пишуваше за тој пораз, туку за мечот кој Ѓоковиќ го доби претходно против Британецот, Камерон Нори.
По тој меч Ѓоковиќ на прес-конференцијата отворено зборуваше што му пречи кај Нори кој имаше неспортски потег кога намерно го удри Ѓоковиќ.
„Постои ли посмешен начин да изгубите време од слушањето на Ѓоковиќ како плаче на конференцијата за медиуми? Таму во вторникот Ѓоковиќ зборуваше за Нори и се што не е добро кај најдобриот британски тенисер, а исто така можеше да зборува и за себе“, стои во еден дел од текстот.
Потоа се истакнува и незадоволството кое Ѓоковиќ го изрази поради медицинскиот тајм-аут на Британецот на само еден гем пред завршувањето на мечот. Во овој дел Шкотланѓаните истакнуваа ситуации во кои противници на Ѓоковиќ се жалеле на такво однесување на Србинот.
„Новак Ѓоковиќ беше критикуван дека земаше медицински тајм-аут во финалето на Австралија Опен против Доминик Тим на еден поен пред крајот на мечот кога изгледаше дека Австриецот ја презема контролата. Потоа Вавринка се жалеше на судијата за долгата пауза кога Ѓоковиќ ја правеше во финалето на УС Опен во финалето во 2016 година. Истото го правеше и Енди Мареј во 2015 година на Австралија Опен, додека Енди Родик во 2008 се шегува дека Ѓоковиќ има САРС и птичиј грип. Можеби да направеше пауза немаше да изгуби од Руне во меч во кој го пцуеше својот тренер Горан Иванишевиќ“.