10 C
Skopje
Thursday, February 25, 2021

Шкотска може да ја замени Русија на Еуро 2020

Најчитани вести

Отстранувањето на руската фудбалска репрезентација од завршниот турнир на Европското првенство 2020 може да и донесе пласман на јубилејното издание кое ќе се игра во 12 градови „ширум стариот континент“ на Шкотска, пренесува „Телеграф”.

Претходно, комитетот за усогласеност на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) препорача Русија да се отстрани од учество на меѓународни натпревари на четири години поради повеќе неправилности на руските спортисти при тестирања од 2012 до 2015 година.

На квалификацискиот турнир во Еуро 2020, руската репрезентација го освои второто место во групата и се пласира на завршниот турнир. Шкотите беа третопласирани.

-Ништо не се заканува на учеството на Русија во натпреварите од ЕП, бидејќи тие се одржуваат под покровителство на УЕФА, а не на ФИФА, е ставот на челниците на рускиот фудбал.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести