1 C
Skopje
Thursday, January 21, 2021

Шкотската премиерка: Имаме неоспорен мандат за референдум за независност

Најчитани вести

Шкотската премиерка Никола Старџен денеска ја повика британската влада да отвори разговори за референдум за независност на Шкотска, истакнувајќи го јасниот демократски мандат по минатонеделните избори.

Таа рече дека шкотската влада има неоспорен мандат за референдум, откако шкотската Национална партија, предводена од Старџен, освои 48 од 59-те шкотски места во британскиот парламент.

„Основниот демократски принцип кажува дека одлуките за уставната иднина на Шкотска се на луѓето кои живеат тука“, рече Старџен.

„Шкотската влада има јасен демократски мандат да им понуди на луѓето избор за таа иднина на референдум за независност, а британската влада има должност да го признае тоа“, истакна таа.

По изборната победа, конзервативниот премиер Борис Џонсон ѝ порача на Старџен дека нема да дозволи уште еден референдум, инсистирајќи на тоа дека гласањето против независност во 2014 година е одлука која се носи еднаш на генерација.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести