Утре започнува Школата за млади лидери „Peace Forum Dialog“ која од 11-13 август ќе се одржи во Маврово, за која Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците избра 70 млади од кандидатите кои се пријавија на конкурсот објавен минатата недела.
Како што е познато, ова школа и Мировниот фестивал кој што ќе се одржи во недела во Скопје се двете клучни активности за одбележување на 22-годишнината од Охридскиот рамковен договор, практика која започна минатата година. Учесниците темите ќе можат да ги третираа во интеракција со предавачи од различни институции и универзитети, кои ќе се осврнат на актуелни политички теми, од Охридскиот договор, демократските вредности и владеењето на правото, консензуалната демократија, децентрализацијата, важноста на членството во ЕУ за развојот и безбедноста на земјата, фазите на интеграција и интеграција во ЕУ преку помирување, па се до новите геополитички предизвици настанати со агресијата врз Украина.
Како што информираат од Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, предавачи ќе бидат Гордан Георгиев-професор на Правниот факултет при Универзитетот ФОН Скопје, Роберт Алаѓозовски-национален координатор за интеркултурализам, за културен развој и меѓуресорска соработка во Владата на Република Северна Македонија, Бујар Османи- министер за надворешни работи, Мерсим Максути- професор од Правниот факултет на ДУТ, Ристо Пенов-министер за локална самоуправа, Марјан Ѓуровски од Филозофскиот факултет, Ѓеракина Лека, професор на Универзитетот во Тетово, Алберт Муслиу-политички аналитичар, Радмила Шекеринска-поранешниот министер за одбрана на Северна Македонија, Џабир Дерала-новинар како и дипломатот на ЕУ-Кларис Пазстори.
Сите учесници, по завршувањето на Школата за млади лидери, на свеченоста што ќе ја организира Владата, премиерот Димитар Ковачевски и првиот вицепремиер Артан Груби ќе им поделат сертификати./indeks.mk /