24 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Шкендија трие раце – тетовци веќе заработија 1,2 милиони евра!

Најчитани вести

Македонскиот шампион Шкендија е на чекор да закаже спектакл со шкотскиот великан Селтик во второто коло во квалификациите за Лигата на шампионите, откако во Естонија со триумфот со 1-0 направија исчекор и во вторник само формално во Скопје треба да го потврдат пласманот во следното коло во квалификациите во Лигата на шампионите.

Но, тоа што тетовци посебно ги радува е фактот дека против естонски Номе Калју во реваншот победата за верификување на пласманот ќе им донесе супер заработка од 1,2 милиони евра. Со оглед на разликата во квалитет на првиот меч во Естонија, каде што тетовци тотално доминираа на фудбалски план, вистинска сензација би било да не го минат првото квалификациско коло. Црвено-црните имаат веќе сигурни 260.000 евра за учество во квалификациите и 280.000 евра за настапот во првото квалификациско коло. Тоа се 540.000 евра.

На овие пари, пласманот во второто коло и двомечот со шкотскиот великан и бивш европски првак ќе им донесе дополнителни 380.000 евра, а ќе им обезбеди при евентуална елиминација уште 280.000 евра за меч во третото коло во квалификациите во Лига Европа. Сѐ на се – 1,2 милиони евра.

По ова сценарио, Шкендија да испадне од Селтик и да продолжи во Лига Европа ќе значи дека тетовци ќе бидат на чекор до својот најголем успех на европска сцена, да играат плејоф, каде стигнуваат три сезони по ред. Ако го повторат успехот им следуват уште 300.000 евра за настапот во последната квалификациска рунда или касата ќе се пополни до 1,5 милиони евра.

За пласман во групната фаза во Лига Европа бонусот е 2,92 милиони евра, за разлика од ЛШ, каде бонусот за учество е 15,25 милиони евра.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести