13.8 C
Skopje
Wednesday, September 22, 2021

Шкендија му гостува на Дуделанж

Најчитани вести

Фудбалерите на Шкендија попладнево од 17 часот и 55 минути во Луксембург против Дуделанж ќе го одигра реванш дуелот од второто квалификациско коло во Лига Европа.

Македонскиот првак по првиот меч во Скопје доживеа пораз од 2:1, но во редовите на тимот од Тетово најавуваат далеку подобар настап и дека ќе се обидат да ја надополнат негативата што ќе им донесе пласман во следната фаза.

“Го анализиравме првиот меч и ги најдовме пропустите. Ќе мораме да одиграме на многу повисоко ниво на реваншот и верувам дека имаме сили за тоа. Не смееме да си дозволиме грешки како на првиот меч”, изјави тренерот на Шкендија, Ќатип Османи.

Натпреварот се игра на стадионот Жози Бартон и почнува во 17 часот и 55 минути.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com