-2.2 C
Skopje
Monday, January 17, 2022

„Шкендија е искусна екипа која е опасна на контри“

Најчитани вести

Шкендија денес ќе игра натпревар против словенечкиот шампион Мура, а пред овој натпревар зборуваше тренерот Анте Шимунџа.

„Како и секој друг тим и Шкендија има добри и лоши страни. Тие се една искусна екипа, која долго време игра заедно, опасни се во контри. За нивните слаби страни не би сакал да зборувам сега. Очекувам неизвесен натпревар, мислам дека победникот од овој двомеч ќе се решава на реваншот во Словенија. Сакаме пласман во следната сезона, не само да одиграме добро“, изјави Шимунџа.

Натпреварот помеѓу Шкендија и Мура се игра вечерва од 20:00 часот на Арената „Тодор Проески“, според протоколите дозволено е 30% публика.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com