-6.6 C
Skopje
Tuesday, January 19, 2021

Шкендија го договори Хебај, останува уште промоцијата!

Најчитани вести

Се чини дека Рубин Хебај, интернационалецот од Албанија ќе биде првото зимско засилување во редовите на есенскиот првак. Имено како што велат нашите информации, раководството на Шкендија ги договорило условите со напаѓачот кој во градот под Шара доаѓа по препорака на стратегот Ернест Ѓока, однсно тој инсистирал на ангажманот на екс фудбалерот на Теута, Ворксла, Домжале, Партизани и Влазнија. Се разбира дека по заминувањето на Ахмеди, Хебај и тоа како добро ќе му дојде на Ѓока во нападот.

Интересно, за Шкендија досега се врзуваа евентуални трансфери на Цветаноски, Тимовски, Бабунски, имаше и разговори со нив, но тетовци ниту еден од овие не успеа да донесе.

Којзнае, можеби Шкендија се “чува“ за враќањето на Ферхан Хасани?

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести