17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Широка или експертска влада – Има ли желба кај партиите за постигнување договор?

Најчитани вести

Национално помирување и суштински реформи преку влада на широка коалиција како што нуди СДСМ или преку експертска влада како што бара ВМРО-ДПМНЕ засега не е возможна иако двете најголеми партии од власта и опозицијата си стојат на своите идеи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека најдобро решение би биле предвремени избори заедно со локалните за таа да ја формира идната влада. Но, дека сега е најпотребна експертска влада поради тоа што власта не се справува со проблемите во здравството, корупцијата, правосудството, но ваката владата ќе гарантира и фер и демократски избори.

Експертска влада, пак, воопшто не е дел од реториката на социјалдемократите иако и нивниот лидер Заев би се откажал од типична политичка влада и би прифатил широка коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Не коментираат дали и за нивната идеја е потеребна лидерска средба. За нив, Владата има легитимитет добиен со ланските избори и изгласаната доверба неодамна.

„Граѓаните го дадоа својот глас, но претседателот Зоран Заев даде една идеја а тоа е неговата визија за тоа како да настапи национално помирување во нашата држава и таа идеја е упатена пред се до чесните членови на ВМРО-ДПМНЕ а после овие скандали на сите ни е јасно дека Мицкоски не спаѓа во нив. И токму затоа мислиме дека Мицкоски не е адресата до кого е упатена оваа идеја за национално помирување. Сметаме дека Мицкоски како губитник на многубројни изборни циклуси досега нема ниту капацитет а ниту кредибилитет да учествува во реализацијата на оваа идеја.“

Лидерската средба и предлозите за поинаква форма на владата првично се отворија како прашања поради нефункциналноста на Собранието. Иако неодмна Заев успеа на еден ден да ги собере сите 62 пратеника од власта за да изгласаат негова доверба, седниците од тогаш сепак одржуваат без гласање поради немање на кворум од страна на мнозинството.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести