10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Шилегов: Чаир го развиваме како никогаш порано, продолжуваме уште посилно

Најчитани вести

„Изминатите 4 години, во овој дел од Скопје вложуваме како никогаш до сега. Ако во минатото Чаир беше заборавено од градските власти, денес оваа општина се развива паралелно и забрзано со останатите скопски општини. Во Чаир, ја завршивме реконструкцијата на улиците Кемал Сејфула, Втора Македонска Бригада, Македонско-Косовска Бригада, Џон Кенеди и бул. Крсте Петков Мисирков,“ – кажа Шилегов.

„Изградивме два нови булевари, булеварот Босна и Херцеговина и булеварот Христијан Тодоровски Карпош, го проширивме и доградивме бул. Никола Карев (Пластичарска), како и направиме нов кружен тек во Чаир на улицата Кемал Сејфула“, потенцираше градоначалникот.

Општина Чаир денес има нови и реконструирани велосипедски и пешачки тротоари во должина од 16.000 метри (од кои 5700 метри се нови тротоари). Извршена е и целосна реконструкција и опремување на училиштето Цветан Димов, како и набавени се прочистувачи на воздух за секоја училница.

Ниту зеленилото не беше изоставено во оваа општина, напротив, засадени се над 1700 нови садници и уредени се над 63.000 м2 јавни зелени површни, се наведува во партиското соопштение..

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com