-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Шилегов: Треба да се признае и да се каже- Скопје во овие четири години израсна во Велоград

Најчитани вести

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов изјави дека мрежата од велосипедски патеки е зголемена за повеќе од две третини за четири години. „ Ние успеавме за повеќе од две третини, за само четири години, да ги зголемиме велосипедските патеки“.

Шилегов истакна дека новите велосипедски патеки се сериозно видливи во градот Скопје.

„ Барем за велосипедските патеки, мислам дека во градот Скопје тие се сериозно видливи, вклучително и коридорите и конекторите помеѓу Партизанска и Илинденска, Булевар Србија до Булевар Александар Македонски, тоа се работи што сериозно недостасуваа“ рече Шилегов.

Тој нагласи дека треба да се признае и каже дека Скопје веќе израснал во Велоград.

„ Она што е добро во градот направено, секогаш има можност да се поправи, меѓутоа треба да се признае и да се каже: Да, Скопје конечно, во овие четири години, израсна во Велоград“ додаде тој.

Исто така истакна дека во Скопје од 2017 до 2021 се доделени над 15 илјади субвенции за велосипеди.

„ Во овој период, велосипедските патеки се ослободени од автомобили, обезбедени се со столпчиња, а мрежата на вело-патеки достигна 110 километри. Не станува збор само за патеки во центарот, туку изградена е мрежа од велопатеки од Ѓорче Петров до Маџари, и на исток до Ново Лисиче и Пинтија. Изградени се 10 конектори, поставени се преку 100 паркинзи за велосипеди, направен е првиот Велоштад во Скопје, а изградени се и два памптраци. Ослободен е и градскиот кеј кој долги години беше затворен за велосипедисти.

Скопје е меѓународно признаено како „Велоград“ – град на кој веќе му завидуваат соседните градови, како што е Софија“ порача Шилегов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com