21 C
Skopje
Friday, May 14, 2021

Шилегов: Таман работа Скопје да остане без вода додека се изведе БРТ

Најчитани вести

Осовременувањето на флотилата на ЈСП е нешто што треба да е редовна работа.

Тоа е процес кој што треба да оди перманентно, истакна градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во своето гостување на „Утрински брифинг“: „Ние влеговме, некаде на почеток на мојот мандат, со набавка на 33-те МАН-а коишто сега се возат. Па, ќе имаме нови 50-60 возила со Бас рапид транзитот (БРТ). Тоа е процес кој што така треба да се тркала. Она што е тотално неуко, тоа е да направите тотална промена на возилата на ЈСП“.

На прашање да ги искоментира тврдењата на претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека при изградбата на БРТ ќе се земе целото зеленило што останало во градот и речиси цело Скопје ќе остане без вода, градоначалникот Шилегов одговори: „Некогаш се чудам како се осмелува некој да даде изјави во јавноста без да види. Од кај знае посочениот господин каков е проектот? Од кај знае како се движи, какви се решенијата? Што само зборува за волунтаризмот и неписменоста кон приодот на Бас Рапид Транзитот, што го има опозицијата. Не се точни наводите. БРТ нема да оди на сметка на зеленилото. Таман работа, Скопје да остане без вода додека се изведе проектот. Поголема глупост, одамна немам чуено“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести