13 C
Skopje
Friday, April 23, 2021

Шилегов: Скопјани ќе добијат слободен јавен простор на Кејот „13 Ноември”

Најчитани вести

Скопјани ќе добијат слободен јавен простор на Кејот „13 Ноември”, рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, одговарајќи на советничко прашање.

Шилегов детално го објасни проектот за уредување на Кејот „13 Ноември”, на потегот од градскиот плоштад до улицата Стив Наумов.

– Пред неколку дена почнаа градежните активности за реконструкција на Кејот „13 Ноември”, таму е предвидено целосно преуредување на партерот, во оваа фаза се врши отстранување на терасите од страна на локалите коишто таму беа поставени во минатото. Проектот беше претставен на јавноста, веќе нема да има централни т.н. тераси во средината, тоа ќе биде целосно еден јавен простор што ќе служи на граѓаните како шеталиште, истакна Шилегов.

Според него, согласно програмата што ја носи Општина Центар за поставување урбана опрема, веројатно ќе има зголемување на предните тераси на локалите.

-Исто така, бидејќи станува збор за секундарна сообраќајница, ќе биде сообраќајно решено движењето на возилата по договорот со Телеком, кој за жал ние го имаме наследено, меѓутоа ќе станува збор за една движење на сериозно редуциран број на возила, со ново смарт решение коешто со препознавање на патниците ќе се подигнува рампата, па потоа и втората рампа ќе треба да го препознае возилото за да може да влезе на кејот, и тоа во строго определени саати во текот на денот, саат до саат и пол, исклучиво наутро кога одат на работа и попладне кога излегуваат од работа, од 8 до 9 и 30 часот наутро и од 14 до 17 и 30 часот. Тоа ќе бидат ограничен број возила што ќе добијат посебни одобренија и ќе бидат внесени во софтверот за да може да се контролира нивното движење, рече Шилегов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести