9.8 C
Skopje
Monday, October 18, 2021

Шилегов од Кисела Вода: Во Скопје вака се градело само после земјотресот

Најчитани вести

Скопје денес е многу подобро од пред 4 години. Вложивме многу љубов во секое маало, во секое катче од нашиот град, порача Петре Шилегов, кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен градоначалник, на вечерашната трибина во општина Кисела Вода.

Тој рече дека само во Кисела Вода, на местата на некогашните диви депонии се подигнати над 22.000 метри квадратни нови паркови површини, каде се засадени над 1.000 садници, а посочи и на низа други проекти кои се однесуваат на заштитата на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните.

„Денес со гордост можеме да кажеме дека Скопје е првиот град во регионот кој воведува брз автобуски превоз. БРТ системот на брз автобуски превоз популарно наречен ‘трамвај на тркала’ на Скопје мора да му се случи“, истакна Шилегов.

Тој го нагласи ефикасниот начин на работа денес, кој, како што кажа, го носи најдоброто за скопјани.

„Во Скопје 4 булевари се граделе истовремено само после земјотресот – и денес. Денес во Скопје за прв пат после повеќе децении се градат два нови моста истовремено. Минатата година реконструиравме и градевме вкупно 21 улица. Ја нарековме Градежна офанзива бидејќи на толку сообраќајници во една сезона се работело повторно само 2 пати, по земјотресот и денес. Низ улиците на Скопје денес се движат 33 нови ултра модерни еко автобуси на гас од реномираниот европски производител МАН. Покривот на ГТЦ беше детектиран од УНДП како т.н. топлотен остров, сега е полн со луѓе и зеленило. Ги реконструиравме сите средни училишта во градот, коишто сега имаат нови енергетски ефикасни фасади. Воведовме нов концепт за третман на комуналниот отпад. Ги променивме садовите за отпад со нови кои ги задоволуваат најсовремените стандарди за квалитет со можност за селектирање на отпад. Обезбедивме нови камиони и нови машини специјализирани за ефикасно чистење на јавни површини. Со субвенциите на инвертер клима уредите во Скопје денес чадат 5.000 оџаци помалку во однос на претходно“, дополни Шилегов.

Тој на скопјани и на граѓаните на општината Кисела Вода им порача дека најдоброто доаѓа и ќе се случи со заокружување на бројот 12, на локалните избори на 17 октомври.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com