9.8 C
Skopje
Sunday, October 17, 2021

Шилегов: Новата висока скала беше клучна за брзото гасење на пожарот на катната гаража

Најчитани вести

Благодарение на брзата интервенција на скопските пожарникари екипирани со новата 45 метарска повеќенаменска противпожарна скала, пожарот што вечерва избувна во ресторанот Рагуза на покривот во катната гаража „26 Јули” беше изгасен во најбрз можен рок, објави на Фејсбук градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

„Употребата на специјалната противпожарната скала беше клучно за брзо локализирање и ефикасно гаснење на пожарот на висока локација, а со тоа е спречено и негово проширување низ долните катови од катната гаража и предизвикување огромна материјална штета. Човечкиот живот нема цена и затоа безбедноста на нашите сограѓани ја ставивме на прво место, а перформансите на новата повеќенаменска противпожарна скала значат многу спасени животи и на нашите сограѓани, но и на хероите на градот, припадниците на скопската противпожарна бригада“, напиѓа градоначалникот.

Противпожарното возило опремено со висока скала за гасење на пожари во високи објекти беше набавена годинава по цена од близу 1,7 милиони евра, заради што опозицијата негодуваше со тврдење дека градот Загреб за истото возило платило помалку. Од Град Скопје рекоа дека поради дополнителната опрема постои извесна разлика во цената, негирајќи сомнителност во набавката.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com