9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Шилегов: Не само што ќе се кандидирам, туку и ќе го добијам вториот градоначалнички мандат

Најчитани вести

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов е запрепастен од леснотијата со која била креирана и се прошири лажната вест дека „изненадувањето“ што ќе го соопшти Али Ахмети е етнички Албанец како заеднички кандидат на СДСМ и ДУИ за градоначалник на Скопје, особено што, како што рече, и претходно дал изјава дека повторно тој ќе биде кандидат за градоначалник.

Не само што ќе се кандидира, туку и ќе победи, уверува Шилегов.

„Утре ќе се расчистат сите шпекулации, ќе видите дека не станува збор за градоначалник на Град Скопје, туку за друга проблематика“, рече тој.

Како што истакна актуелниот „градски татко“, во неговиот прв мандат тој ги решавал проблемите што не биле решавани 40 години, а таквата посветеност и внесувањето нови стандарди и квалитети скопјани ја препознаваат и тоа го покажуваат сите анализи. Оттаму, Шилегов е убеден дека ќе го освои и вториот мандат.

Во однос на изненадувањето на Ахмети, Заев денеска уште еднаш потенцираше дека не станува за заеднички кандидат за градоначалник на Скопје, туку за „нешто што претставува модернизација на нашиот коалиционен партнер“.

„Логично е да оставам за деталите да зборуваат тие. Секако е во духот на тоа што го работиме како Влада, се работи за политичка платформа, перспективи иднина и сл. Се надевам дека ќе постигнат нови успеси, заради тоа што е модернистички пристап“, рече премиерот.

Во меѓувреме, Шилегов вечерва со видео се пофали дека со министерот за здравство Венко Филипче „се грижат за хигиената на центрите за вакцинација“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com