10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Шилегов на состанок со Здружението „До бебе по патот на ИВФ“: Субвенции за ин-витро оплодување

Најчитани вести

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, одржа онлајн состанок со претставници на Здружението „До бебе по патот на ИВФ“ на кој се разговараше за потребите и предизвиците на паровите кои се соочуваат со неплодност. Тој во својата програма за наредните 4 години веќе вклучи субвенции за млади брачни парови кои имаат желба за потомство преку ин-витро.

„За остварување на желбата за потомство, го помагаме процесот на биомедицинско потпомогнато оплодување преку финансиска поддршка на паровите. Го дополнуваме семејниот буџет за дополнителните трошоци што не се признаени со основните поволности на Фондот за здравствено осигурување или во дополнителен обид кој не е покриен од Фондот. Ја поддржуваме храброста и упорноста за посреќни семејства во нашиот град“, кажа Шилегов на почетокот од состанокот.

„Имајќи ги предвид укажувањата од здружението за финансиското оптоварување на паровите кои поминуваат низ БПО (ИВФ) процедурите и заложбите за поддршка на овие корисници, јас како градоначалник знаејќи ги реалните потреби, истите ги инкорпорирав во мојата програма. Свесен сум и информиран што се вклучува постапката на ИВФ, каков психолошки притисок се предизвикува кај паровите во нивните напори да формираат семејство и затоа се заложувам да ги поддржиме нашите граѓани преку бесплатен четврти обид или покривање на дополнителната терапија која не е дел од поволностите на ФЗО“, истакна Шилегов во разговор со претставниците на здружението.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com