4.8 C
Skopje
Thursday, January 20, 2022

Шилегов на маалска средба: Ѓорче Петров расте и се развива

Најчитани вести

Градоначалниците на Град Скопје, Петре Шилегов и на Општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски вечерва остварија маалски средби со граѓаните од оваа општина, се наведува во партиското соопштение.

– СДСМ е најдобриот избор на граѓаните и заради тоа е фаворит на претстојните избори. СДСМ има најдобри проекти, најдобра понуда, и најдобар степен на реализација. За нас зборот е збор. За нас секој човек е важен, секоја општина е важна, посочи Шилегов.

Осврнувајќи се на досегашниот период, Шилегов додаде дека и во Ѓорче Петров како и во другите скопски општини се инвестира во важни капитални проекти.

– Ги реконструиравме улиците Ѓорче Петров и 4-ти јули, а започнавме и со реконструкција на улицата Лука Геров. Ги расчистуваме дивите депонии во општината, пробивме нови велосипедски патеки и подигнавме нови зелени површини. Поставуваме нова фекална и атмосферска канализација онаму каде што е потребно. Сето тоа го правиме заедно со локалната власт, за граѓаните на Ѓорче Петров, посочи Шилегов.

– Инвестираме над 52 милиони денари во реконструкција на средното училиште Кочо Рацин која ја започнавме годинава. Обезбедивме прочистувачи за воздух за секоја училница, додава Шилегов.

Во делот на градското зеленило, Шилегов потенцираше дека во Ѓорче Петров подигнати се над 6.400 метри квадратни нови и реконструирани паркови површини, со засадени околу 1000 садници.

СДСМ продолжува со активностите на терен со цел да биде уште поблиску до граѓаните, за заедно со граѓаните да создаде понуда која ќе биде најдобра за секоја општина за секој град.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com