-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Шилегов: Направивме многу во овие четири години и не смееме да го сопреме континуитетот на развојот на Скопје

Најчитани вести

На ТВ дебатата на Алсат-М, на прашањето зошто се кандидира за уште еден мандат за градоначалник на Скопје, кандидатот на СДСМ и најдоброто за Македонија Петре Шилегов одговори:

„Јас од скопјанки и од скопјани барам продолжување на мандатот, продолжување на уште еден мандат, затоа што направивме многу во овие изминати четири години и не смееме да го сопреме континуитетот на развојот на нашиот град.“

Шилегов истакна дека „во изминативе четири години, Скопје фати еден навистина поинаков правец, наместо за барок, за статуи, за лажна бронза, за стиропор, конечно влеговме смело во решавање на сериозните инфраструктурни проекти коишто недостасуваа во нашиот град. 26-годишната негрижа за Скопје ја заменивме токму со храбри одлуки, токму со решавање на проблеми коишто го создадоа овој неред, и од нередот полека и упорно создаваме добра една позиција. За четири години четири булевари, два моста, десетици илјади на дрвја, сериозна борба со загадување со замена на грејните тела со инвертери …“

Шилегов укажа дека на Скопје му е доста од брзи решенија и дека заради брзите решенија, непланските решенија, сме во оваа позиција. Стручниот тим којшто работи со мене го направи токму тоа – добро планирање, добра имплементација – истакна кандидатот на СДСМ и најдоброто за Македонија Петре Шилегов на ТВ дебатата на Алсат-М.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com