4.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Шилегов: Клучката на Момин Поток готова за 18 месеци

Најчитани вести

Со увид во градежните работи на клучката кај Момин поток, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов денес ја продолжи презентацијата на клучните стратешки сообраќајни проекти со кои до 2024 Скопје станува град со целосно решени сообраќајни проблеми.

  • Денес се наоѓаме на главната градска артерија каде поминуваат 25 до 30.000 возила, а спојува четири општини, но и води до патот до Косово. Оваа раскрсница која ја паметиме по огромни гужви го добива најмодерното и најсофистицираното сообраќајно решение било кога изработено во Македонија во урбана средина, изјави Шилегов на денешната прес-конференција.
  • Градиме издигнат булевар на 9 м. со кружен тек во ридот кај касарната, со којашто овозможуваме целосно анулирање на семафорската сигнализација и движење без застој на сите видови сообраќај. Овде за прв пат ќе се изгради велосипедски мост со кој продолжуваме по стандардот дека вело патеки мора да има како составен дел од сите идни сообраќајни решенија, нагласи Шилегов.

– Ова сообраќајно решение овозможува развој на градот во досега неурбанизираниот дел што ќе значи сериозно растеретување на урбанизација во централното градско подрачје. Освен што ќе имаме функционални сообраќајници и брз транспорт, ќе го заштитиме и јавниот простор на скопјани креирајќи хуман урбанизам, појасни Шилегов.

  • Ова сообраќајно решение, заедно со клучката на бул. Словенија каде набрзо започнуваат градежните работи, како и пробивање на бул. Словенија до Волково и Хасан Приштина до обиколница во правец на Косово, целосно го решаваме на долг рок сообраќајот во овој дел од градот, потенцираше Шилегов.
  • Покрај ова, многу важен аспект е дека паралелно го решаваме и јавниот транспорт како дел од урбанизацијата. Јавниот транспорт ќе се одвива по постојната пруга со градски возови, нешто што Скопје го добива за прв пат. За ова веќе е готова студијата која ја подготвивме во 2018. Возот оттука ќе се спојува со БРТ кај Железничка станица, дополни Шилегов.
  • Не ветувам брзи и лесни решенија бидејќи ниту е брзо, ниту е лесно да се направи целосна трансформација и модернизирање на град како Скопје. Јас ветувам стратешки издржани, долгорочни решенија, базирани на сериозни студии кои ги градиме денес а им служат на многу идни генерации. Оние кои ветуваат брзо и лесно, со таквиот пристап единствено може да продаваат брза храна, но никако да водат сериозна институција како град Скопје, уште помалку стратешки да го развиваат градот, заклучи на крајот од денешната прес-конференција градоначалникот Шилегов.
DCIM\100MEDIA\DJI_0165.JPG
DCIM\100MEDIA\DJI_0158.JPG

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com