0.8 C
Skopje
Saturday, January 28, 2023

Шилегов за „Слободен Печат“: Брзиот автобуски превоз е историски исчекор за почист воздух во Скопје

Најчитани вести

Во својата најнова колумна за „Слободен Печат“ „Со брзиот автобуски превоз Скопје пишува нова историја“, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов укажува дека со БРТ системот се решава повеќедеценискиот проблем на Скопје – бавниот, некапацитетен, неатрактивен, неисплатлив и токсичен градски превоз:

„Како да се направи градскиот превоз побрз, поатрактивен, поефикасен, поисплатлив и притоа да се намали аерозагадувањето што го предизвикува? Тоа е главниот проблем кој го решаваме со поддршка на ЕБОР, со кои веќе соработувавме при набавката на еко-автобусите на гас, изработката на акцискиот план за зелен град, како и Студијата за оптимизација на мрежите на линии на автобускиот јавен превоз.“

Градоначалникот Шилегов објаснува зошто Брзиот автобуски превоз (БРТ) е историски исчекор за почист воздух во Скопје:

„Годинава правиме историски исчекор во Скопје – воведуваме модерен градски транспортен систем – БРТ системот на брз автобуски превоз, кој неделава го презентиравме пред граѓаните со група на сообраќајни експерти. Исчекорот е историски не само затоа што Скопје прв во регионот воведува БРТ систем, туку и затоа што со овој зелен проект практично го спасуваме Скопје од најголемиот извор на сообраќајно аерозагадување.“

Шилегов се повикува на експертите кои укажуваат дека со БРТ системот следните неколку децении Скопје ќе го поштедиме од десетици илјади тони јаглерод диоксид и други токсични материи: „Како што укажа и помошник директорот на ЕБОР на презентацијата, се проценува дека со БРТ системот ќе се редуцираат емисиите на јаглерод диоксид за 34%, емисиите на азотни оксиди за 43% и емисиите на штетни честички за цели 92%!“

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести