14.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Шилегов до Арсовска: Излези и кажи јас сум кандидат на ВМРО-ДПМНЕ

Најчитани вести

„Не знам зошто Арсовска се срами од ВМРО-ДПМНЕ. Излези и кажи јас сум кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, но очигледно е дека таа се срами. Се срами и самата партија да излезе пред скопјани, бидејќи многу од аномалиите кои ги исправаме во овие четири години се настаните поради некомпетентност и несовесност при владеењето со нашиот град во минатото од нивни градоначалници“ кажа градоначалникот на Скопје Петре Шилегов во гостувањето на Дневникот на Сител ТВ.

„Жал ми е што нејзиното прво појавување на политичката сцена е потценување на скопјани. Да се претставиш како независен кандидат, а и врапчињата знаат дека е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ е потценување на граѓаните на Скопје и на неопределените гласачи“ кажа Шилегов.

Тој додаде дека е јасно кој е независен кандидат, а кој не. Актуелниот градоначалник на Скопје кажа дека тоа што му пречи е што одредени луѓе се кријат зад завесата на независност и така ја убиваат граѓанската демократија.

Од опозицијата во својата рекација за медиумите велат дека на скопјани се срамат од Шилегов.

Градоначалникот во заминување Шилегов кога говори за срам, нека тргне од себе, па човекот 4 години е во фотелја, а нема ниту ужинки кои им ги вети на децата во програма.4 години еден инфраструктурен проект нема направено. Сега пред избори само им замачкува очи на скопјани, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com