2.8 C
Skopje
Thursday, October 28, 2021

Шилегов: Директорката ја разрешив бидејќи никој не смее да го ограничува правото на протест

Најчитани вести

Градоначалникот на Скопје објасни дека ја разрешил директорката на Гимназијата Никола Карев бидејќи цврсто верува во демократските права, кои таа се обидела да ги попречи.

„Цврсто верувам во демoкратските права. Правото на протест е едно од соновните права, без разлика дали некој е полнолетен или малолетен. Јас и кога бев во опозиција цврсто се борев против заканите и заокружувањата на лужето затоа што протестирале. Да беше некое време, вратите на училиштето ќе беа заклучени и учениците немаше да можат да излезат. Правото на здрава животна средина е фундаментално право. Иднината останува на тие што се обидуваа да бидат најгласни, а некој се обиде да ги попречи“, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање.

Прашан зошто не присуствувал на протетстите тој рече дека бил службено отсутен, што било и најавено

„Не стигнав на протестите. Со тие луѓе што вчера протестираа јас добро стојам, и имам постојана комуникација. Инаку, на протетстите градот е најмалку прозивана институција за загадувањето, бидејќи ние правиме и повеќе од нашата законска моќ“, рече Шилегов.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com