-2.2 C
Skopje
Sunday, February 5, 2023

Шефот на ХРТ „паднал“ со „бубачка“ – му го откриле станот што го добил на подарок, а кој не бил на негово име

Најчитани вести

Бачиќ посредувал помеѓу Лончариќ и Бандиќ за комплексот „Градини на светлината“, кој се наоѓа зад кулата ТЕС, на тоа земјиште, и тие, наводно, биле поврзани поради легализацијата на зградата на улицата „Радичева“
Во голема акција на УСКОК, денеска се упасени шефот на ХРТ, Казимир Бачиќ и некои од најблиските соработници на починатиот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ.

Покрај Бачиќ, поранешниот член на Комисијата за изнајмување на јавни простори Јелена Чеклиќ, возачот Владимир Џајо, Денис Моенски, познат под прекарот „Крал на Адвентот“ и Ана Стављениќ-Рукавина, која беше потпретседателка на градското собрание на Загреб и претседателка на детскиот совет во болницата „Сребрњак“, пренесува Индекс.

Како што се чини досега, имајќи предвид дека Државното правобранителство сè уште нема објавено изјава за што се товарат уапсените, станува збор за три крака односно три различни афери која ги поврзува една заедничка личност – покојниот Милан Бандиќ.

Едната афера е поврзана со местење за добивање на елитни локации во Загреб „Адвент“, другата со мито за којашто истражителите се сомневаат дека извршниот директор на ХРТ, Казимир Бачиќ, му го однел на поранешниот сопственик на фабриката за електрични сијалици, Милан Лончариќ, а третата за местење на конкурсот за избор на директор на „Сребрњак“.

Полицискиот претрес траеше цел ден, а вечерва се уште не се донесени на распит сите уапсени од УСКОК. Се очекува тоа да да биде утре.

Иако, практично сите беа уапсени се добро познати личности, најмногу се истакнува името на Казимир Бачиќ, долгогодишниот шеф на ХРТ близок до ХДЗ.

Стан од еден милион куни
Сомневањата се дека тој бил посредник помеѓу уапсените Милан Лончариќ и сега покојниот Милан Бандиќ. Бачиќ наводно носел валкани пари, а за возврат од Лончариќ добил стан во улицата „Радичева“, кој не е наведен во неговиот прилично богат имотен лист.

Станот кој е фкус на истражителите е двособен, на прв кат, чиј регистриран сопственик е компанијата „Сланица доо“, чиј сопственик е Милан Лончариќ, кој исто така беше уапсен денеска, и кој, според неофицијални информации, го користел директорот на ХРТ, Казимир Бачиќ.

Токму овој стан Бачиќ наводно го добил како благодарност од Лончариќ. Според информациите на порталот Индекс, Бачиќ го фаворизирал Лончариќ во проектот „Градини на светлината“.

Како што дознава Индекс, Казимир Бачиќ е осомничен за трговија со влијание, а Лончариќ за давање мито.

Имено, Бачиќ посредувал помеѓу Лончариќ и Бандиќ за комплексот „Градини на светлината“, кој се наоѓа зад кулата ТЕС, на тоа земјиште, и тие, наводно, биле поврзани поради легализацијата на зградата на улицата „Радичева“.

Како „паднаа“ овие крупни фигури?
Како што неофицијално дознава Индекс, на истражителите многу им помогнале таканаречените „бубачки“, односно уреди за прислушување. Неофицијално, нивна мета бил Милан Бандиќ долго време, но со неговата смрт, истрагата против него завршува. Но, истражителите имале доволно компромитирачки докази за другите актери.

Исто така, кога станува збор за Бачиќ, неофицијално се дознава дека станот во „Радичева“ со реновирање чинел околу еден милион куни. Станот бил платен од сметката на компанијата, па затоа веројатно не им било тешко на истражителите да ја пронајдат врската меѓу актерите.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести