Home » Шефот на српската дипломатија Селаковиќ во официјална посета на Скопје

Шефот на српската дипломатија Селаковиќ во официјална посета на Скопје

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи на Србија, Никола Селаковиќ, денеска ќе престојува во официјална посета на Северна Македонија, при што ќе се сретне со највисоките претставници на земјата.

Селаковиќ во Скопје ќе има одвоени разговори со претседателот Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Како што соопшти МНР, во фокусот на средбата на министрите ќе бидат тековните состојби во билатералните односи, перспективата на европската интеграција на Западниот Балкан, соработката во рамките на регионалните иницијативи, како и конкретните форми за искористување на потенцијалите на секторската соработка.

Во рамки на посетата се очекува да биде потпишана и Спогодбата за основање на културно-информативни центри во Скопје и Белград.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More