Home » Шефот на дипломатијата на Португалија Жоао Гомес Кравињо во посета на Скопје

Шефот на дипломатијата на Португалија Жоао Гомес Кравињо во посета на Скопје

by Журнал.мк

Министерот за надворешни работи Бујар Османи утре ќе биде домаќин на Жоао Гомес Кравињо, шефот на дипломатијата на Португалија, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, на средбата е предвидено да се разменат мислења за евроинтегративниот процес на нашата држава, билатералните односи и перспективите за нивното натамошно унапредување, со посебен осврт на економските релации и можностите за нивно зајакнување.

Предвидено е двајцата министри да одржат тет-а-тет средба, ќе следи пленарен состанок меѓу делегациите на двете земји, а потоа и заедничка прес – конференција на Османи и Кравињо.

Покрај средбата со својот хомолог, португалскиот министер за надворешни работи ќе биде примен од претседателот Стево Пендаровски, а ќе има одделни средби и со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и со заменик претседателот на Владата, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ. 

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk