7 C
Skopje
Sunday, February 28, 2021

Шефот на грчката дипломатија во посета на Македонија

Најчитани вести

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Дендијас, кој ќе престојува во официјална посета на Македонија.

На средбата е предвидено да се разговара за билатералните односи, за политичката и економската соработка, како и за европската перспектива на Северна Македонија и регионот. Исто така, предвидено е да се разгледаат и можностите за унапредување на политичкиот дијалог меѓу двете земји во пресрет на имплементацијата на обврските од преспанскиот договор.

Во рамките на официјалната посета на Македонија грчкиот министер за надворешни работи ќе се сретне и со претседателот Стево Пендаровски и премиерот Зоран Заев.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести