21.8 C
Skopje
Friday, July 30, 2021

Шефот на германската дипломатија Хајко Мас денеска во Приштина, утре во Белград

Најчитани вести

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас се очекува да допатува денеска во еднодневна официјална посета на Косово, каде што ќе се сретне со претседателката Вјоса Османи, премиерот Албин Курти и министерката за надворешни работи и дијаспора, Доника Грвала, јави дописникот на МИА од Приштина.

Како што соопшти вчера Амбасада на СР Германија во Приштина, меѓу темите за кои шефот на германската дипломатија ќе разговара со домаќините е и дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

– Сојузниот министер за надворешни работи Мас планира да допатува во Приштина, Косово, на 22 април 2021. Тематски содржини на неговата посета ќе бидат прашањата од билатералните односи, приближувањето кон Европската унија, како и дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, се вели во вчерашното соопштението на амбасадата во Приштина.

Германското Министерство за надворешни работи соопшти дека, по Приштина, Мас утре, на 23 април, ќе го посети и Белград, каде што и со српските челници ќе разговара за процесот на дијалогот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести