17.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

Шест трикови со кои војвотката Кејт Мидлтон ги воспитува своите деца

Најчитани вести

Секој што мисли дека кралскиот живот нема апсолутно никаква врска со нашиот „обичен“ живот, сè уште не е добро запознат со ликот и делото на Кејт Мидлтон. Војвотката од Кембриџ (39) често се појавува во јавност со своите деца, а многумина ја фалат за начинот на кој ги воспитала своите деца.

Ребека Шикот, која има докторат за развој на деца од Универзитетот во Кембриџ, вели дека Кејт е чувствителна и грижлива мајка која поттикнува авторитативен стил на родителство, кој во моментов е многу популарен.

  1. Опоменете ги на јавно место доколку е потребно
    На венчавката на Пип Мидлтон во 2017 година, принцот Џорџ започна да се однесува немирно за време на прославата. За да го смири, Кејт го допре лесно по главата. Таа дури и крена прст за да го замолчи кога започна церемонијата.

– Тешко е секој родител да биде строг родител во јавноста. Кејт како да знае како да воспостави блага и строга врска – напиша Ребека.

  1. Спуштете се до висината на нивните очи
    Фановите на кралското семејство сигурно ќе ја паметат фотографијата на која Кејт и принцот Вилијам клечат додека разговараат со децата.

– Таа се сведува на нивната висина за да разговара со нив, но сепак им дозволува да бидат деца – вели Ребека.

Со овој гест, Кејт покажува дека не очекува децата да се однесуваат позрело за нивната возраст, па се спушта до висината на нивните очи, со цел да им биде што поблиску до нив.

  1. Дозволете им понекогаш да бидат непослушни
    Војвотката беше пофалена за нејзината слатка реакција кога принцезата Шарлот го покажа својот јазик на добротворна забава во 2019 година. Кејт тогаш ја замоли Шарлот да ѝ замавне на публиката, но принцезата имаше друга идеја.

Кога принцезата Шарлот го испалзи јазикот, Кејт ,,пукна” од смеа, а многумина го пофалија нејзиниот потег.

– Ова е нормална реакција на детето. Секојa чест за Кејт која реагираше нормално – можеше да се прочита во еден коментар.

  1. Покажете со прст дека сте сериозни
    Кога размислува сериозно, Кејт тоа јасно го покажува. Кога децата ќе се вознемират, таа често им се заканува со прстот.

– Овој потег покажува цврстина и топлина – смета Ребека.

Ова беше случај кога принцезата Шарлот побегна од родителите за време на еден настан, а војвотката келкна до висината на очите и се закани со прст.

  1. Охрабрете ги децата да поминуваат време во природа
    Кејт еднаш призна дека како дете поминувала многу време надвор и дека тоа е нешто што и е важно кога станува збор за растењето со нејзините деца.

„Мислам дека е одлично за физичкото и менталното здравје и поставувањето на темелите во животот“- рече Кејт во една прилика.

  1. Користи книги за родителство
    Многу родители ги казнуваат своите деца кога се непослушни, но идната кралица има поинаков пристап.

Наместо да ги прекори и да ги испрати во собата, Кејт им предложи да седнат и да прочитаат поучна приказна. Иако има дадилка, таа е исклучително вклучена во животот на своите деца и често чита за нови техники на родителство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com