23 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

Шест радио станици во Црна Гора ќе ја прекинат програмата 12 часа

Најчитани вести

Шест локални радио станици во Црна Гора денеска ќе прекинат со емитување програма во следните 12 часа поради финансиски проблеми.

На тој начин тие сакаат да го свртат вниманието на ситуацијата во која се наоѓаат. Програмата ќе биде прекината во 11:55 часот.

– Дванаесет часовната тишина од нашите фреквенции ќе претставува повик за помош. Ја повикуваме Владата, која во услови на пандемија треба да има слух за проблемите со кои се соочуваме, со цел да ја одржиме програмата која е од посебно значење за локалните заедници во северниот дел на Црна Гора, изјави претставничката на локалните радио станици Седа Садиковиќ.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести