8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Шест лица убиени во масовно пукање во Англија, меѓу убиените е и пет годишно дете

Најчитани вести

Пет лица синоќа се убиени во напад во англискиот град Плимут. Меѓу убиените се млада мајка и нејзиното петгодишно дете, но и мајката на напаѓачот.

Напаѓачот бил облечен во црна и сива облека и наводно користел оружје со долга цевка. Потоа истрчал по улица и пукал во минувачите. Неколку минути подоцна тој си го одзел животот.

Полицијата потврди дека се убиени три жени и двајца мажи и дека напаѓачот потоа си го одзел животот. Се наведува дека овој напад не е поврзан со тероризам.

„ Чекам потврда за бројот на жртвите, но ова изгледа како ужасен ден за нашиот град и нашата заедница. Помислете на семејството и нашата заедница и не споделувајте фотографии и снимки од ниту една жртва” на ТВитер напиша пратеникот Лук Полард.

Очевидци на настанот за „Тајмс“ рекле дека тој ја скршил влезната врата од една куќа и пукал во млада мајка и нејзиното дете на возраст од околу пет години.

Ова беше прв „активен напад“ забележан во Велика Британија во последните 11 години откако таксистот Дерик Бирд уби 12 луѓе во Камбрија летото 2010 година.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com