17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

Шест лица повредени при експлозија на плинска боца

Најчитани вести

Плинска боца експлодираше во викендица во липковско Матејче. Повредени се шест лица, на кои по несреќата во кумановската болница, им се констатирани опекотини на лицето и шаките. Поради сериозноста на повредите, се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Ова не е прва несреќа предизвикана од плинска боца во североистокот. Минатата година при експлозија во кумановско Романовце настрада цело семејство.

Шест лица се повредени, по експлозија на плинска боца во липковско Матејче. Лицата на возраст од 27 до 44 години се здобиле со тешки телесни повреди од експлозијата која се случила во викендица во месноста викана Матејачки колиби. Со возило на Итната медицинска помош биле пренесени во кумановската болница.

Со возило на Итната медицинска помош од Здравствен дом Липково се донесени 6 пацинети со опекотини. Прегледани се од 3 хирурзи и анестезиолог, и констатирани се сериозни опекотини во пределот на лицето и шаките-информираат од кумановската болница.

По направената иницијална реанимација, повредените со возила на кумановската болница и Здравствените домови од Куманово и Липково, се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

„Во 21,45 часот во СВР Куманово од Општата болница-Куманово било пријавено дека кај нив биле донесени шест лица, кои се здобиле со тешки телесни повреди како резултат на експлозија на плинска боца. Известен е јавен обвинител и извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, изјави Ивана Младеновска, портпарол на СВР Куманово.

Ова не е прва несреќа предизвикана од плинска боца во североистокот. Минатата година при експлозија во кумановско Романовце настрада цело семејство.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести