Шест лица загинаа, меѓу кои две деца, во пожар во повеќекатница во центарот на Москва, соопшти доцна во вторникот руското Министерство за вонредни ситуации.
Девет лица се повредени во пожарот, а 200 се евакуирани од зградата, во која се наоѓа хотел, објави министерството на платформата за пораки Телеграм.
Пожарот бил изгаснат нешто пред полноќ по московско време и била извршена проверка на секоја соба.
Рускиот истражен комитет на Телеграм објави дека покренал кривична постапка за причините за пожарот, кој избувнал на петтиот кат од зградата.
Руската новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на неименуван претставник на службата за итни случаи, објави дека прелиминарната причина е подметнување на пожарот