17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Шест години по советот на Ферги: Јунајтед го договори посакуваното засилување за 80 милиони фунти

Најчитани вести

Влијателните англиски медиуми ова утро излегоа со сензационална информација, поврзана за досега најбомбастичната зделка во Премиер лигата која се очекува до крајот на овој ден, или најдоцна утре да добие официјална реализација.

Станува збор за англискиот репрезентативец Хари Мегваер, стоперот на Лестер кој се наоѓа пред трансфер на „Олд Трафорд“, и тоа во зделка која ќе ги остави и двете страни задоволни. Јунајтед ќе добие фантастичен централен дефанзивец кој знае да игра со топката во нозе, додека Лестер ќе заработи сума од која боли глава за играчот кој пред шест години беше чиста „багатела“.

Влијателните медиуми од Островот велат дека Јунајтед се согласил да плати 80 милиони фунти за трансферот на Мегваер кој беше мета и на Манчестер Сити, но сепак она што предизвика исто така големо внимание во јавноста е приказната која ја носи со себе најавеното ново засилување на Јунајтед. Имено, во 2013-та година, Мегваер беше следен од скаутинг тимот на Дејвид Мојс по препорака на легендарниот Сер Алекс Фергусон, а ако тогаш беше послушан советот на легендарниот шкотланѓански стручњак, Мегваер ќе го чинеше Јунајтед 4 милиони фунти.

Денеска, шест години подоцна и во време на луд трансфер пазар во кој ништо не е нормално, Мегваер ќе го чини Јунајтед 76 милиони фунти повеќе.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com