Home » ШЕРОН СТОУН ОТКРИ ДЕКА ИМА ТУМОР Актерката добила погрешна дијагноза

ШЕРОН СТОУН ОТКРИ ДЕКА ИМА ТУМОР Актерката добила погрешна дијагноза

by Журнал.мк

Актерката на Твитер споделила објава во која детално го опишала своето одење во болница, кое вклучувало грешка при операција и погрешна дијагноза.

Шерон Стоун ги шокирала своите обожаватели кога на социјалните мрежи открила дека има тумор кој треба да се отстрани.

Актерката на Твитер споделила објава во која детално го опишала своето одење во болница, кое вклучувало грешка при операција и погрешна дијагноза.

https://twitter.com/sharonstone/status/1587504970936463360?s=20&t=jgSZkqLjUwmKXSMuz07apQ

„Штотуку имав уште една погрешна дијагноза и неточна процедура“, напишала таа, а потоа открила дека има тумор.

„Овој пат двојна епидурална. Со влошувањето на болката отидов на второ мислење: имам голем фиброиден тумор кој мора да се извади“, напишала Шерон.

Актерката потоа испратила важна порака:

„Особено за дамите: не правете се дека не е важно, побарајте второ мислење. Тоа може да ви го спаси животот“.

„За целосно да закрепнам ќе ми требаат четири до шест недели . Ви благодарам на сите за грижата. Сè е добро“, заклучила таа.

Нејзините обожаватели реагирале со бројни пораки на поддршка и добри желби.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More