20.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Шерон Стоун: Дедо ми сексуално ме злоставуваше, мајка ми не сакаше да зборувам за тоа

Најчитани вести

Шерон Стоун напиша книга со мемоари „The Beauty Of Living Twice“, во која тврди дека нејзината сестра Кели и таа биле сексуално злоставувани од нивниот дедо кога биле девојчиња, пишува Њујорк Тајмс.

Актерката за NYT изјави дека нејзината мајка Дороти не сака таа и нејзината сестра да зборуваат јавно за злоставувањето.

“Кели и јас разговаравме со мајка ми за тоа, и таа ми напиша писмо по разговорот во кое вели дека е многу збунета. Беше згрозена од откритието. Сепак, по разговорот со сестра ми, таа започна да прифаќа дека тоа навистина се случило. “, вели Шерон.

“Мајка ми се согласи отворено да разговара со мене за сè кога ѝ прочитав делови од моите мемоари. Таа беше со мене неколку дена кога се опоравував од грипот, легна покрај мене во кревет додека ја завршував книгата. По отворен разговор кој траеше час и половина преработив некои делови од книгата што потоа ѝ ги посветив неа“, вели актерката.

Стоун вели дека решила да ги напише мемоарите по мозочниот удар што го претрпела.

„Пишувањето беше ослободувачко искуство“, рече таа.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести